Мајчиното млеко е лек
Доењето има голема предност во однос на вештачката исхрана не само за бебето, туку и за мајката. Се препорачува доење на новороденчето најмалку шест месеци. Мајчиното млеко е потполно стерилно и здраво и има идеална температура. Со доење се започнува веднаш по самотоо раѓање со што се зацврстува врската помегу мајката и детето. Доколку на самиот почеток мајката нема доволно млеко не треба да се откажува зошто лактацијата се воспоставува дури до три недели по рагањето. Лачењето на млекото се интензивира и поттикнува со честото хранење на детето со што и доењето треба да трае онолку колку што сака бебето. Положбта на детето при доењето е многу важна, а ако е неправилна може да доведе до повреди на брадавиците.
Предности
ЗАШТИТА ОД ИНФЕКЦИИ
Од самиот почеток мајчинто млеко го менува својот состав. Колостралното млеко се излачува во првите 30 часа по рагањето. Количински не е обилно, но е прилагодено на потребите на малото новороденче и развиеноста на неговиот систем за варење. Густо е и жолто и во споредба со зрелото млеко содржи повеке белковини и витамин, а помалку масти и шекери. Со колострумот се внесуваат моќни имунолошки фактори- имуноглобулин, лактоферин и интерферон. Докажано е дека доенчањта хранети со колострум имаат подобар апетит и побрзо растат од оние хранети со адаптибилни млека, а подоцна во животот помалку патат од алергии и инфекции. Преку мајчиното млеко детето ги добива и незините антитела. Мајчиното млеко ја поттикнува бактеријата лактобацилус бидејќи има пониска киселост од кравјото млеко. Мајките кои сакаат да дојат а немаат доволно млеко можат да ја подобрат лактацијата со исхрана: Семе од морач, ким, јачмен…Разни чорби од коприва и леќа го подобруваат квалитетот и количината на млеко. Млекото ќе “надојде” ако мајката често јаде свежо овошје и зеленчук, жолчка, тофу – сирење од соја, јогурт, кисело млеко и да внесува незасладени течности - вода и овошни чаеви.
НАЈДОБРА ХРАНА
Најдобар показател за квалитетот на мајчиното млеко е ако детето напредува сразмерно со својата телесна тежина, има хомогена златно жолта столица со карактеристичен мирис, ако бебето е задоволно свежо и румено, а движењата живи и силни. Опстипацијата (затвор) е честа појава доколку го храните со вештачко млеко, додека мајчиното е комплетно “сварено” со оглед дека содржи десет пати повеке пробиотски влакна, а столицата содржи мали количини неапсорбирани протеини (белковини) усирено млеко и големи количини слуз.
ПОВОЛНО ЗА МАЈЧИНОТО ЗДРАВЈЕ
Во првите денови по рагањето, ако мајката го дои бебето доаѓа до јаки контракции на мускулите на матката, што резултира со брзо враќање на тој орган во нормална состојба. Жените кои дојат полесно ја редуцираат сопствената тежина (маститет кои организмот ги складира во бременоста како резерва за периодот на доењето).
Недостатоци
НЕДОВОЛНА КОЛИЧИНА
Недостатоци при доењето се манифестираат пред се во тоа што мајката нема можност да ја одреди количината на исцицаното млеко.Тоа е многу значајно доколку детето слабо напредува меѓутоа многу е тешко да се утврди која е вистинската причина. Во случај на хипогалактија (недоволно лачење млеко) бебето гладува и мајката треба да превземе се да се зголеми количината на лачење на млекото. При тоа од голема важност е ставот на мајката кон доењето: ако вистински верува дека е во состојба да му пружи повеќе на своето дете, тогаш ќе има помалку проблем со недостатокот на млеко, дури и кога е под стрес или е преоптеретена. Ако бебето гладува заради недоволно млеко најчесто се јавува опстипација(затвор). Со мерење на подојот сепроценува колку млеко недостасува и таа количина треба да се надокнади. Бебето треба да се мери во пелени пред и по подојот. Разликата во двете мерења треба да ја даде количината на млекото кое недостасува.
НЕАДЕКВАТЕН СТАВ
Многу е ретка појавата да млекото на мајката не одговара на потребите на организмот на детето за правилен развој. Инсуфициенца на млекото (неадекватен нутритиве состав) е карактеристична кај жените со пореметен метаболизам. Меѓутоа се јавува и кај жени кои се хранат многу квалитетно и најчеста грешка е во незнаењето на доилката околу механиката на доењето и техниката на доење заради што бебето неправилно цица.
ЖОЛТИЦА И АЛЕРГИИ
Во втората недела во животот доенчето може да заболи од жолтица предизвикана од мајчиното млеко. Овој вид на жолтица настанува поради брзата апсорбција на масните киселини и голема содржина липаза во млекото. Најголемите вредности на билирубини изнесува 25мг/дл а обично изнесуваат 20мг/дл до крајот на втората недела од животот.
Исхрана со мајчино млеко може да биде опасна само во екстремни случаи кога постои вродена нетолеранција на составот на мајчиното млеко (лактоза-млечен шекер).
