Татковците и доењето

Татковците може да чувствуваат нешто или се од следново:

  • Грижа дека потешко ќе воспостават и развијат врска со детето
  • Чувство дека се неактивни - мислејки дека се што ке направат за малото е неспоредливо со мајчинате гради
  • Може да му се „лутат“ на бебето дека дошло меѓу нив и мајката
  • Верување дека затоа што дојат, мајките имаат знаење и вештина природно да бидат подобри родители

Стратегии за учество на тато при хранењето

  • Детето може да го хранат со лажиче или шишенце со мајчино млеко
  • Поминување време во активности со бебето, кое вклучува контакт кожа-кожа менување пелени, успивање, бањање
  • Незаменлива подршка. Доењето не е лесно. Педијатрите се на мислење дека мајката треба да дои најмалку до една година. Колку е подршката од таткото поголема, мајката е поиздржлива и посигурна во своите можности.

Post a Response