Бањање на бебе

Неколу практични совети околу дневниот ритуал: бањање на бебе

  • Бебето треба да се бања на висина која е погодна за мајката, зошто ако кадичката и местото за повивање се ниско, мајката мора да се наведне и да стои во положба која е заморна, особено по породувањето.
  • Водата треба да биде подесена на температура од 35 или 36 степени, а вода во тек на бањањето не треба да се додава.
  • Пожелно е бебето да се бања со природен сунѓер.
  • Доколку сте во можност, најдобро е бебето да го бањате во вечерните часови. Вечерното бањање го смирува бебето и помага за мирен сон.
  • Штом пупчаникот отпадне бебето може да се бања комплетно со миење на главата. Ако пупачето сеуште навлажнува, тоа не го спречува бањањето на бебето.
  • На почеток бањањето е кратко. Насапунете го бебето ставете го во кадичка и добро исперете го, посебно на превоите.
  • Малку по малку бањањето се продолжува, бебето почнува да се радува на бањањето, и сами ќе сватите до која мерка тоа ужива.
  • Ретки се бебињата што не сакаат бањање. Затоа пазете при првите бањања, обрнете внимание на температурата на водата.
  • Бањањето за бебето е празник, а штом малку порасне и почне да седи, ќе се јави потреба за подолги бањања со игра и прскање околу себе.

Post a Response