6 правила за користење цуцла
November 18th, 2008 • Related • Filed Under
- Пред првата употреба превријте ја цуцлата 2-3 мин, а подоцна е доволно само да ја измиете пред употреба.
- Не ја закачувајте околу вратот. Посигурно е да ги користите посебните држачи што ја прицврстуваат за облеката.
- Проверете дали цуцлата има било какви оштетувања. Силиконските цуцли се менуваат на секои 6-8 недели, а каучукиовите и латекс секои 30 дена.
- Не ја мачкајте цуцлата во мед или шекер! На тој начин се создава зависност од слаткиот вкус па подоцна тешко ќе го убедите да конзумира овошје. Освен тоа, ризикот за кариес драстично се зголемува.
- Не ја злоупотребувајте ја цуцлата. Дајте му ја на детето кога навистина ќе ја посака. Ако е мирно, зошто воопшто да ја нудите?
- Ако детето заспало со цуцлата, внимателно извадете му ја. Доколку се навикне да спие со нејзе, ќе се буди секојпат кога ке му ја извадите од уста.
