Нега на забите кај децата
Запчињата мора да се мијат редовно, особено откако на вашето дете ќе му пораснат катниците на кои храната многу лесно се задржува, бидејќи имаат нерамна површина.
Целта треба да ви биде темелно да ги одстраните остатоците од храната на површината и просторот помеѓу забите. Нанесете паста на мала мека четкичка за заби и четкајте горе-долу.Немојте да му дозволите на детето да научи да ги мие забите со движења од една на друга страна. На тој начин, детето нема да ги мие забите како што треба, а при тоа може да ги разрани непцата. Забите мора да се мијат намалку два пати на ден, а последниот пат по вечерата за да нема никакви остатоци од храна во текот на ноќта.
ОДЕЊЕ НА ЗАБАР
Современата стоматологија се повеќе е ориентирана кон превенцијата отколку на лечење, па затоа не чекајте вашето дете да го заболи заб. Одведете го на забар барем еднаш до неговиот втор роденден, а потоа потрудете се да му стекнете навика за редовно одење на забар. Забарот кој педагошки се однесува со малите деца ќе се погрижи првите прегледи да се петворат во забава, па детето многу полесно ќе ги прифати поправките и лекувањата на забите кога за тоа ке дојде ред. Освен тоа, забарот ке ве посоветува и ке ви каже како да го научите своето дете да ги негува своите заби. Навиката за посетување стоматолог треба да се создаде уште со излегувањето на првите забчиња. Најголем број од млечните забчиња ќе бидат во функција првите десет години, а нивното добро здравје и правилна положба се од клучно значење за квалитретот на трајните заби.
