Пред операција
ПСИХОФИЗИЧКА ПОДГОТОВКА
За добра кондиција се важни позитивните емоции и добрата физичка состојба. Последните неколку недели би требало што повеќе да се движите на свеж воздух, водејќи сметка да не се преморите. Слушајте убава и релаксирачка музика, дружете се со луге што не Ве оптеретуваат и чие друштво ви одговара. Консултирајте се со ароматерапеут и оспробајте масла кои ќе Ве опуштат.
РАЗМИСЛЕТЕ ЗА ТИПОТ НА АНЕСТЕЗИЈА
Епидуралната анестезија е најпогодниот облик на анестезија бидејки нема сериозни негативни пследици на плодот, додека општата анестезија може да предизвика наркотична депресија кај новороденчето. Денес операциите се повеќе се изведуваат со епидурална анестезија, а се поретко со општа. Општата анетезија може да предизвика проблем со дишењето како кај бебето така и кај мајката. За да не дојде до тоа, се препорачува неколку дена пред раѓањето мајката да го испира носот и грлото со раствор од пола лажичка сол и една чаша топла вода.
ИЗБОР НА ПОРОДИЛИШТЕ
Одлучете се за породилиште во кое ќе имате доверба во стручноста за Вас и Вашето дете. Денес во сите наши породилшта се води грижа за условите и третманот на родилките и малото, и во сите е спроведена Baby friendly програмата по која детето од првиот момент е во собата на мајката. Близината и честиот контакт со бебето помагаат да се лачат хормоните кои помагаат во подобрувањето на состојбата после раѓањето. Ако сметате дека не можете во прв момент да се справите со бебето можете да ги замолите медицинските сестри да го земат бебето додека се одморите.
После операција
По операцијата некои мајки може да добијат грозница и да чувствуваат дека нозете им се ладни. Затоа не е лошо да си понесете чорапи и да ги облечете по операцијата.
За воспоставување рамнотежа на течностите во организмот и правилна работа на цревата, ден-два по операцијата не се препорачува цврста храна, а треба да се пијат бистри сокови, негазирана минерална вода и чаеви.
Треба да се знае дека непосредно пред операцијата во бешиката ќе Ви стават катетер. Постапката не е болна и трае неколку секунди. Се појавува кратка нелагодност, а по вадење на катерерот пецкање во мочните канали и бешиката. Испирање со чај од камилица ке ги намали непријатностите, а чај или сок од брусница ке ги спречи инфекциите.
Воспоставувае на работата на цревата по операцијата е клучен момент во рехабилитацијата. При поволни услови цревата почнуваат да работат нормлно три дена по операцијата, а до тогаш гасовите се нормална појава. Важно е да се придржувате до пропишаната дијета. Дозволени се пилешки супи, крушки, пасирани јаболка со малку шекер.
Ако царскиот рез е правен со епидурална анестезија, нема да чувствувате болки во наредните 12 часа и ке добиете аналгетик подоцна. При раѓање со целосна анестезија аналгетик би требало да добиете по будењето.
ДОЕЊЕ И ЦАРСКИ РЕЗ
Организмот на жената се припрема за доење веднаш од самиот почеток на бременоста. Под дејствоо на хормоните во млечните жлезди се излачува млеко, така да бебето може да почне да цица веднаш по рагањето. Мегутоа, царскиот рез може да ја успори лактацијата. Сепак на повеќето жени млекото им надоага по 3-4 дена. Во меѓувреме редовно измолзувајте се да не дојде до инфекција –мастит.
Првите неколку дена ке Ви биде добредојдена помош при доењето. Најважно е да ја одберете вистинската положба за бебето да не врши притисок на раната. Доколку имате поголем проблем, консултирајте ја патронажната сестра и лекар.