Пепел 1

Судење

Во тутунската афера ”Пепел” беа запленети над 15 тони нелегално произведени цигари. Кривичниот суд ги прогласи за виновни за злоупотреба на службена положба, злосторничко здружување и повреда на Законот за акцизипрвообвинетиот Бајруш Сејдиу и уште 32-ца негови соработници.

Во акцијата учествувале повеќе од 300 полициски специјалци, кои заплениле над 15 тони цигари и арсенал оружје. Сејдиу е сопственик на Тутунскиот комбинат во Куманово, на фудбалскиот клуб „Милано“ и уште на голем број фирми. Полицијата одзела околу 1.500 пакети, односно околу 15 тони разни видови нелегално произведени цигари од марките „примо“, „примо лајт“, „лорд“, „винстон“, „вест“, „респект“, „партнер“, „екстра примо“, „марлборо“ и други. Се претпоставува дека цигарите се произведени во Тутунскиот комбинат „Боро Петрушевски-Папучар“ од Куманово. Таму биле пронајдени 660 килограми цигари што во моментот се произведувале. Операцијата „Пепел“ траела шест месеци, а употребени биле посебни истражни мерки за следење и за тајно снимање на осомничените.

Бајруш Сејдиу е осуден на  5 години казна затвори 25.200 евра парична казна. Судскиот совет ги прогласи за виновни Сејдиу и триесетте соработници во случајот Пепел  со вкупна казна затвор од 69 години, како и на парични казни за злосторничко здружување, за кривични дела од законот за акцизи и за неовластена употреба на туѓа фирма. Тројца од тутунската мафија се осудени и за злоупотреба на службена положба и овластување.

Бајруш Сејдиу во 2006 со уште двајца негови соработници оформиле група при што на неа се приклучиле уште 20-тина коишто имале за цел да вршат Неовластена употреба на туѓа фирма и кршење на Законот за акцизи. На тој начин станал доминантен сопственик на Тутинскиот комбинат Куманово. Како извршни и неизвршни директори како и членови на Управниот одбор на комбинатот од негова страна биле поставени неговите луѓе од криминалната група. Со договор тие почнале со нелегално производство на цигари без да поседуваат дозвола, користејќи туѓи заштитени жигови, цигари со преправени – копирани бандероли од бандеролите кои ги добиле во законска постапка од Управата, како и производство на цигари на кои биле лепени бандероли од други цигари и лепени странски бандероли, без да се внимава на видот на тутунот и квалитетот, на заштитената марка.

Групата на Сејдиу вклучува директори, магационери, транспортери-дилери.

No related posts.