Каква одбрана е најдобра за осомничените во акцијата “Пајажина”?

Вести

Акција Пајажина: Рамковски и управителите во притвор

Велија Рамковски и 18-те управители и основачи на фирмите од Перо Наков, осомничените во акцијата “Пајажина”, добија 30 дневен притвор. Од обвинителството барале притвор по сите три основи, можност од криење или бегство, можност да ја попречуваат истрагата со криење документација која се уште не е целосна и можност од повторување на делото бидејќи делата се одвивале подолго време и не престанале.

Синхронизирана или поединечна одбрана/ Процедурални аспекти и стратегии за одбрана

Адвокат на Хеди Рамковски е Мирослав Вујиќ. Не е познато како му потпишал овластување за застапување, кога официјално е во непознат правец  и не е запознаен со постапката која се води против него.

Според внатрешна координација ,  Мирослав Вујиќ,  требало да биде единствен адвокат на целата притворена група.
Свој адвокат има само актуелниот директор на А1, Анета Кочишки. Инцидентно за време на распитот била ангажирана Снежана Савиќ, адвокат од Скопје.

На осомничените мора да им се овозможи самостојно да можат да проценат каква одбрана е најдобра за нив. Тоа тие неможат да го направат ако сите имаат заеднички адвокат или група на адвокати која дејствува заеднички и синхронизирано
Георги Димитров

(Пр. Може да се прикаже со графикон, кој се осомничените)

Сопственикот на А1 телевизија Велија Рамковски, осомничен е за две дела: злосторничко здружување и затајување данок. Управителите на телевизијата и останатите компании, регистрирани на истата адреса Перо Наков, добија притвор за повеќе дела: злосторничко здружување, злоупотреба на положбата, затајување данок и перење пари

Земајќи ги предвид овие околности, Академик се обиде да најде одговор, каква одбрана е најдобра за осомничените во акцијата “Пајажина”.

“Теоретски правото на одбрана почива на начелото , секој од осомничените да изнесе такви факти кои нему најдобро му идат во прилог. На осомничените мора да им се овозможи самостојно да можат да проценат каква одбрана е најдобра за нив. Тоа тие неможат да го направат ако сите имаат заеднички адвокат или група на адвокати која дејствува заеднички и синхронизирано. Едноставно адвокатот не може да ги проценува изгледите и правната позиција на својата странка, споредувајќи ја или усогласувајќи ја со позицијата на друга странка која во ист предмет ја застапува”, смета универзитетскиот професор и аналитичар,  Георги Димитров.

Според адвокатот Ѓорѓи Георгиевски, околностите кои го ослободуваат првоосомничениот од одговорност како организатор на злосторничкото здружение, по аналогија можат да се применат и на останатите осомничени од аспект на здружувањето, но тоа не ги ослободува осомничените од одговорноста за другите кривични дела за кои се товарат ,а кои не мора да бидат доведени во контекст со злосторничко здружување.

“Одбраната на поголем број на осомничени заради злосторничко здружување, теоретски може да биде синхронизирана зависно од околностите и фактите на определен случај, бројот на осомничени и степенот на учество на секој обвинет одделно во вршење на определено кривично дело. Ако се земе предвид дека во случајот пајажина има 23 осомничени, што претставува значителен број, разумно е да се очекува дека не сите лица имале еднакво учество во вршењето на кривичното дела за кои се товарат и дека не сите лица извршиле дејствија во насока на извршување на кривично дело (и пропуштањето на определени дејствија повлекува кривична одговорност).”

Ѓорѓиевски смета дека од овие причини осомничените имаат две опции:

- синхронизирана одбрана, со цел да се докаже дека не постои вина поради злосторничко здружување или други кривични дела. Оваа одбрана  претставува исклучително ризична варијанта за определен број на осомничени кои имале парцијално учество во активностите кои се сметаат за кривични дела и кои доколку се приклучат кон ваквата одбрана, ризикуваат по аналогија да бидат осудени за кривичните дела за кои се товарат останатите обвинети, без оглед на нивното минимално учество.

- поединечна одбрана, во која секој осомничен би инсистирал на ослободување од кривичната одговорност, врз основа на непостоењето на умисла за злосторничко здружување. Активностите кои биле преземени биле во согласност со определени процедури и инструкции, за кои тој сметал дека биле легитимни и/или дека учеството во вршењето на одредено кривично дело било сторено како резултат на недостаток на доволно информации за природата на дејствијата кои се преземаат од страна на претпоставениот. Очигледно е дека ваквиот пристап би можел да им нанесе директна штета на останатите обвинети кои имаат значително учество во вршењето на определени кривични дела или за кои постојат директни докази дека се сторители на кривичните дела за кои се товарат.

 

No related posts.